Крај на една ера во Челси? „Сините“ тргнуваат по Ахраф Хакими

Челси по осовјувањето на Лигата на Шампионите не одмара и веќе е насочен кон составувањето на тимот за следната сезона. Клубот го продолжи договорот со тренерот Томас Тухел, потоа и со ветераните Оливие Жиру и Тијаго Силва, а сега на ред се новите пристигнувања на „Стемфорд Бриџ“, а еден од нив е и Ахраф Хакими.

Крилниот дефанзивен играч е трансфер цел на германскиот стратег, клубот веќе ја изедначил првичната понуда до Интер од страна на ПСЖ, па ќе биде интересно да видиме каде ќе заврши Мароканецот. Челси има и „џокер“ во ракавот со понуда на Емерсон Палмиери и Андреас Кристенсен, играчи кои и претходно беа споменувани со трансфер во редовите на миланскиот состав.

Трансферот на 22-годишникот на „Стемфорд Бриџ“ би значело и крај на една ера кај „сините“, а погледите се насочени кон Цезар Азпиликуета. Џејмс кој потекнува од младинскиот погон на Челси се повеќе се наметнува под водство на Тухел, претходната сезона беше доведен и Чилвел, тука е и Маркус Алсонсо, па 31-годишниот Шпанец е прекуброен во редовите на лондонскиот тим.

Се вчитува...