Крај на годината за Златан Ибрахимовиќ!

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ сепак нема да се врати во тимот на Милан до крајот на 2020 година, пренесуваат италијанските медиуми. Иако тој денеска се врати на тренинзите на „росонерите“ и се очекуваше да стартува против Сасуоло сепак тоа нема да се случи.

Ибрахимовиќ по завршувањето на тренингот се пожалил на болка во левиот мускул на ногата, па поради тоа ќе мора да ги пропушти следните два натпревари против Сасуоло и Лацио.

 

Се вчитува...