Крај на кариерата за Џастин Гетлин

Американскиот атлетичар Џастин Гетлин, соопшти дека ја заврши кариерата на 40-годишна возраст. Гетлин го одбележа златен олимписки медал на 100 метри и суспензија поради допинг.

„Те сакав патеко. Ми даде солзи и радости, лекции кои нема никогаш да ги заборавам. Штафетата мина, но љубовта никогаш нема да избледи“, напиша Гетлин на „Инстаграм“.

Гетлин олимпиското злато го освои на ОИ во Атина 2004 година, кога ја претрча патеката за 9,05 секунди. Својата доминација ја потврди и следната година на Светското првенство во Хелсинки во трките на 100 и 200 метри. Поради допинг, во 2006 година е суспендиран на четири години.

Во меѓувреме се појави Јусеин Болт кој ги освои сите можни титули, така што по враќањето на патеката Гетлин мораше да се задоволи со помалку сјајни одличја.

Се вчитува...