Крај на легендарна ера – Најпознатиот колеџ тренер заминува во пензија

Еден од најдобрите американски тренери, Мајк Кшижевски одлучи да замине во пензија, пренесуваат медиумите во САД. Легендарниот тренер следната сезона за последен пат ќе го води колеџот, Дјук со кој досега има освоено пет НЦАА титули.

Вкупно во колеџ кошарката има забележано вкупно 1 170 победи со што е рекордер. Има вкупно 12 настапи на Ф4 турнирите, а неговите екипи имаат поминато рекордни 126 недели на првото место на НЦАА рангирањето.

Како селектор на САД освои три олимписки злата и две титули на светските шампионати.

Се вчитува...