Крај на љубовта: Депај си заминува од Атлетико Мадрид

На Мемфис Депај му здодеа да ја грее клупата на Атлетико Мадрид, па холандскиот репрезентативец донесе одлука на крајот од сезонава да ги промени клупските бои.

Искусниот 30-годишен голгетер имаше опција да остане уште една година во тимот на Диего Симеоне, но реши самиот да ја активира клаузулата за предвремен раскин, за летово како слободен играч да ја избере следната дестинација во кариерата.

Причината е јасна, премалата минутажа што Депај ја добиваше сезонава. Тој севкупно настапи на 31 меч за Атлетико во сите натпреварувања, но на повеќе од половина влегуваше во игра во вторите полувремиња. Зад името на Депај остануваат запишани девет гола и две асистенции, но искусниот напаѓач верува дека уште може да игра на високо ниво и сака да замине во клуб каде ќе биде стандарден првотимец.

Се вчитува...