Крај на „љубовта“ меѓу Баерн и Боатенг – Германецот си заминува од Минхен

Џером Боатенг нема да добие нов договор во Баерн Минхен. Европскиот шампион донел официјална одлука, па Боатенг ќе биде слободен играч на крајот на сезоната и може да го напушти клубот без обештетување.

Германските медиуми пренесуваат дека одлуката е објавена од Баерн, а пренесена до агентите на 32-годишниот стопер. Боатенг ја започна својата кариера во Херта, а играше и за Хамбург и Манчестер Сити.

Тој пристигна во Баерн во 2011 година и забележа 354 настапи. Сериозен интерес за овој фудбалер во минатото покажуваше Арсенал, па германскиот дефанзивец летово би можел без никаква отштета да се пресели во таборот на „топчиите“.

Се вчитува...