Крај на љубовта: Пешиќ си замина од Барселона

Каталонската спортска јавност очекуваше отказ да добие Кике Сетиен, но раководството на Барселона наместо тоа се реши за смена на кормилото на кошаркарскиот клуб, прекинувајќи ја соработката со Светислав Пешиќ. Српскиот стратег имаше уште една година од актуелниот договор со Барса, но скапо ја плати цената за поразот во финалето од завршниот турнир на АЦБ-лигата од Басконија.

Барселона инвестираше огромна сума во кошаркарскиот клуб, доведувајќи „ѕвезди“ како Миротиќ, Хигинс и Дејвис, но во Евролигата играше променливо, а остана и без титулата во Шпанија, што беше доволна причина за разделба од искусниот стратег.

„Барселона и Светислав Пешиќ постигнаа договор за крај на соработката. Клубот е благодарен на српскиот тренен за посветеноста и му посакува многу среќа во иднина“, објави раководството на Барса.

Пешиќ освои два трофеи во Копа дел реј (2018 и 2019 година) како тренер на каталонскиот гигант, но не успеа да ја врати Барселона на тронот на шпанската кошарка.

Главен фаворит за нов тренер на Барселона е Шарунас Јасикевичиус, кој беше поврзуван и со Фенербахче, но приоритет за Литванецот е да седне на клупата на каталонскиот гигант.

Се вчитува...