Крај на љубовта помеѓу Вестбрук и „Ел-Еј“ – бекот бара трансфер во шампионски тим

Се позивесно е дека на епизодата на Расел Вестбрук во Лос Анџелес Лејкерс и се ближи крајот. Имено, како што пренесуваат американските медиуми плејмејкерот беќе побарал трансфер, а како следни дестинации ги одредил Голден Стејт, Милвоки и Мајами.

Со тоа 33-годишникот јасно става дознаење дека во следната сезона сака да претендира за прстен во најсилното кошаркарско натпреварување, но останува да видиме колку овие тимови ќе го сакаат контроверзниот кошаркар кој оваа сезона забележа просек од 18.5 поени, 7.4 скока и 7.1 асистенција во своите редови.

Расел Вестбрук кој покрај Лејкерс во минатото ги бранеше боите и на Оклахома, Хјустон, Вашингтон досега има настап во само едно НБА финале, тоа од пред десет години кога како член на Тандер беше елиминиран од Мајами со 4-1.

Се вчитува...