Со оглед на формата што ја покажа Данил Медведев во 2025 година, секако е новост што рускиот тенисер го освои трофејот на АТП турнирот во Алмати. По серија разочарувачки настапи во 2025 година, Данил Медведев конечно ја пронајде својата игра и ја освои титулата во Казахстан.
Во финалето, тој го победи Французинот Корентин Муте со 7-5, 4-6, 6-3, по два часа и 38 минути борба. И за да биде уште полудо – ова е првата титула за Русинот од Рим во 2023 година, односно по 29 месеци!
Турнирот во Алмати се игра на тврда подлога и припаѓа на серијата АТП 250, но секако оваа титула доаѓа како големо олеснување за рускиот тенисер.
FIRST TITLE SINCE ROME 2023! 🏆
Daniil Medvedev beats Moutet and ends his 882-day title drought! 👏 #AlmatyOpen pic.twitter.com/bOYNYGVFME
— Tennis TV (@TennisTV) October 19, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

