Крај на сагата: Фернандеш доаѓа на „Олд Трафорд“

Бруно Фернандеш конечно ќе пристигне на „Олд Трафорд“ и ќе потпише договор со Манчестер Јунајтед, со што ќе се стави крај на трансфер-сагата што почна минатото лето, кога „црвените ѓаволи“ ја испратија првата понуда за капитенот на Спортинг Лисабон. Португалскиот клуб долго ги одбиваше налетите на „ѓаволите“, кои одбиваа да платат поголем дел од сумата при самото комплетирање на трансферот.

Утрово неколку шпански медиуми објавија дека Барселона се вклучува во трката по овој фудбалер, што го запали алармот во Манчестер, па Ед Вудворд ги прифати барањата на раководството на Спортинг. Манчестер Јунајтед испрати понуда од вкупно 80 милиони евра, 55 од нив ќе бидат исплатени експресно, а 25 доколку се исполнат неколку различни клаузули. Спортинг ќе добие уште 10 милиони евра ако Манчестер Јунајтед се пласира во ЛШ, а останатите клаузули се многу потешко остварливи.

Португалците дадоа „амин“, па Фернандеш почна да ги пакува куферите, со оглед на фактот дека за утре е најавено неговото пристигнување во Манчестер. Останува да се види дали доаѓањето на Португалецот би можело да го забрза заминувањето на Пол Погба, кој инсистира да го напушти „Олд Трафорд“, а веќе го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда, од која се уште е далеку од камбек на терените.

Се вчитува...