Крај на сагата: Миротиќ ја прифати понудата

Најголемата трансфер-сага во европската кошарка летово е пред конечна завршница откако Никола Миротиќ ја прифати понудата да го облече дресот на Армани Милано.

Италијанскиот првак остана осамен по бројните откажувања во трката по Миротиќ, па крилниот кошаркар и немаше пермногу избор. Како што јавуваат италијанскиот медиуми, Миротиќ ќе потпише двогодишен договор за вкупна плата од пет милиони евра, што е далеку пониско од оние 3,8 милиони евра годишно што овој кошаркар наводно ги имаше од Партизан, ги прифати па во последен момент се премисли и реши да не се пресели во Србија.

Николо Миротиќ е без конкуренција најголемото засилување на Милано летово, откако претходно беа ангажирани Појтрес, Маодо Ло, Џордано Бортолани, Гилјермо Карузо и центарот Исмаел Камагате.

Се вчитува...