Крај на сагата: Никола Миротиќ има нов клуб

Поранешниот шпански репрезентативец со црногорско потекло, Никола Миротиќ во новата сезона ќе ги носи дресот на евролигашот Олимпија Милано откако италијанскиот клуб го официјализираше неговиот трансфер.

Миротиќ кој беше отпуштен од Барселона по намалувањето на буџетот ова лето се поврзуваше со премин во Партизан кој сепак пропадна поради заканите кон него и неговото семејство па се одлучи кариерата ја да продолжи надвор од Србија. Постоеше интерес и од Панатинаикос, но на крајот одлуката падна на италијанскиот клуб.

За 32-годишникот со богато НБА искуство носејќи го дресот на Чикаго, Њу Орлеанс и Миловки тоа ќе биде трет клуб во Европа по шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Се вчитува...