Крај на сезоната во Лига 2 – Дали Премиер-лигата е следна?

Клубовите кои се учесници во четврттото по ранг англиско фудбалско натпреварување, Лига 2 едногласно одлучија да биде прогласен крај на сезоната. Одлуката треба да биде прифатена од страна на Фудбалската федерација на Англија, како би можело и официјално да се прогласи крај на шампионатот.

Како конечна табела ќе се земе просекот на освоени бодови на клубовите по меч. Тоа значи дека промоција во Лига 1 ќе изборат, Кру, Свиндон и Плимут, додека надвор од професионалните фудбалски лиги во Англија ќе заминат Челтенам, Ексетер, Колчестер и Нортемптон.

Велика Британија е земја која се соочува со големи проблеми поради пандемијата од коронавирусот, па останува да се постави прашањето дали и Премиер-лигата на крајот ќе одлучи да стави крај на сезоната.

Се вчитува...