Крај на сезоната за Пол Џорџ

Пол Џорџ тешко го повреди коленото на десната нога на натпреварот меѓу неговиот Лос Анџелес Клиперс и Оклахома Сити Тандер.

На пет и пол минути пред крајот на натпреварот тој остана долго да лежи на подот држејќи се за повредената нога, а потоа со помош на персоналот на двата тима беше однесен во соблекувалната.

Нема официјални информации за тежината на повредата, но некои американски медиуми пишуваат дека сезоната на Џорџ е завршена и дека сонот на Клиперси за титула оваа сезона е уништен.

Оваа сезона Пол Џорџ бележи просечни 23,9 поени, 6,1 скока и 5,1 асистенции по натпревар.

 

 

Се вчитува...