Крај на „војната“: Зидан го избра Бејл во стартниот тим против Селта

Герет Бејл ќе биде стартер во тимот на Реал Мадрид во премиерниот натпревар за оваа сезона, на гостувањето во Виго против Селта, како најава за крај на „војната“ меѓу велшкиот ас и тренерот Зинедин Зидан. Иако токму Зидан во неколку наврати потенцираше дека Бејл не му е потребен во тимот, повредата на Еден Азар придонесе поранешниот ас на Тотенхем да се најде меѓу првите единаесетмина.

Интересно, меѓу првите единаесетмина на Зидан нема ниту еден фудбалер од оние кои летово пристигнаа на „Сантијаго Бернабеу“.

И покрај одличните игри во подготвителниот период, голманот Навас се сели на клупата, а Реал попладнево ќе истрча на терен со следните единаесетмина: Куртоа, Карвахал, Марсело, Рамос, Варан, Крос, Модриќ, Касемиро, Бејл, Винисиус, Бензема.

Се вчитува...