Крајно емотивна порака од тифозите на Џенова до Гранде Пандев: „Жалиме само за едно…“ (ФОТО)

Горан Пандев, без сомнение, се запиша меѓу бесмртните во македонската историја по пласманот на фудбалската селекција на првото свое европско првенство. Ги освои срцата на сите Македонци и со начинот на кој го доживеа овој огромен успех, но уште еднаш ги освои срцата и на сите навивачи на клубови во кои настапуваше, пред се на Апенинскиот полуостров.

И тифозите на Џенова вчера испратија повеќе од емотивна порака до Пандев по пласманот на Македонија на ЕП, притоа нагласувајќи дека жалат само за едно нешто – „што нема да можат по неговото враќање во Италија директно на стадион да го пречекаат и да му честитаат за остварувањето на својот сон“.

„Светски шампион, освојувач на Лига на шампиони, освојувач на Скудето, два италијански Суперкупа, пет трофеи во италијански Куп, шампион на Турција, освојувач на Суперкупот на Турција и петпати играч на годината во Македонија. Ова е Горан Пандев, нашиот Горан Пандев! Не го освојувате сето ова така случајно. Мора да бидете шампион, мора да го сакате овој спорт. Но, да се направи она што го направи последно за националниот тим, на 37 години, пред се морате да бидете човек и маж. Со големо М, човек кој остава се на теренот, кој оди на тренинг со желба на мало дете, кој се става на располагање на тренерот, никогаш нема погрешен збор и секогаш покажува почит. Ние луѓето од Џенова сме горди на тебе, тоа што го носиш нашиот дрес и што го претставуваш грбот на нашиот клуб, а веруваме дека го носиш и во срцето. Жалиме само за едно нешто, тоа што не можеме стоечки да те поздравиме на ‘Луиџи Ферарис’ на следниот домашен меч со Парма. Ќе беше убаво со долг аплауз и овации да се поздрави Гранде Пандев“ – пишуваат во својата порака до најдобриот македонски фудбалер, фановите на Џенова.

Campione del Mondo per Club, Champions League, Scudetto, 2 Supercoppe Italiane, 5 Coppe Italia di cui 2 volte…

Posted by Associazione Club Genoani on Петок, 13 ноември 2020

Се вчитува...