„Кралевите“ го добија „пустинското Ел-класико“ и се пласираа во финалето на Суперкупот (ВИДЕО)

Реал Мадрид е првиот финалист во шпанскиот Суперкуп, откако вечерва во полуфиналниот меч во т.н. „пустинско Ел класико“ по продолженија славеше над вечниот ривал Барселона со 3-2 во натпревар кој се играше во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

Водство за „кралевите“ донесе Винициус Жуниор во 25. минута, додека до крајот на првото полувреме Каталонците израмнија преку Лук де Јонг во 41. минута. Ново водство за Реал Мадрид, донесе Карим Бензема во 72. минута, а Ансу Фати успеа да избори продолженија за својот тим израмнувајќи во 83. минута.

Победа за тимот од „Сантијаго Бернабеу“ донесе Федерико Валверде во 98. минута.

Во финалето Реал Мадрид ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

 

Се вчитува...