„Кралевите“ го меркаат Бенјамин Павар

Европскиот клупски првак Реал Мадрид сака да ја засили десната бековска позиција, а тренерот Хулен Лопетеги го избра Бенјамин Павар како решение кое би требало да се реализира во зимскиот преоден рок. Францускиот репрезентативец прикажа одлични игри на Мундијалот во Франција, продолжи со квалитетни изданија и во дресот на Штутгарт, а скаутите на „кралскиот клуб“ тоа го забележаа.

Реал Мадрид е подготвен да плати 25 милиони евра за Павар и да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ во зимскиот преоден рок. Ова откако Дани Карвахал се почесто се повредува, а Алваро Одриозола се уште не е доволно воигран во составот на Лопетеги.

Се вчитува...