„Кралевите“ го сакаат Гундоган како замена за Тони Крос

Реал Мадрид планира големо реновирање на составот по завршувањето на оваа сезона, а тренерот Зинедин Зидан гледа кон Премиер – лигата. Покрај Садио Мане и Мохамед Салах од Ливерпул и Еден Азар од Челси, кои се желби за засилување на навалниот ред, Зидан го посакува и Илкај Гундоган, играчот за врска на Манчестер Сити. Тој треба да биде замена за Тони Крос, германскиот интернационалец на кого ќе му биде дозволено да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Гундоган ова лето ќе влезе во последната година од договорот со Манчестер Сити и е интересен за многу клубови. Тој е желба и на италијанските калчолигаши Интер и Милан, како и на францускиот првак Пари Сен Жермен.

Се вчитува...