„Кралевите“ го следат Џулијан Брант

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ги следи настапите на крилниот играч на Баер Леверкузен, Џулијан Брант. 20-годишниот фудбалер веќе се наметна и во германската фудбалска репрезентација, а три сезони е стандарден првотимец на „фармацевтите“. Тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан, смета дека тој би бил одлично засилување за Реал Мадрид, размислувајќи пред се за иднината на тимот. За него интерес покажува и англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Скаути на тимот од „Сантијаго Бернабеу“ подолг период ги следат неговите игри, а тој посебно беше скениран и на синоќешниот натпревар против Атлетико Мадрид во Леверкузен, во рамките на Лигата на шампионите. Зидан, пак, планира да ја следи во живо неговата игра на реваншот што ќе се одигра во Мадрид.

„Кралевите“ денеска ќе го одиграат одложениот натпревар од Примера против Валенсија на „Месталја“.

Се вчитува...