„Кралевите“ како подобри пеналџии го освоија Суперкупот на Шпанија

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Шпанија, откако во финалето кое се одржа во Џеда, Саудиска Арабија по подобро изведување пенали беше подобар (4-1) од градскиот ривал Атлетико Мадрид. По жестока битка во 120 минути немаше победник, ниту голови, па победникот мораше да биде решен по изведување на удари од белата точка.

„Кралевите“ на крајот се покажаа како многу поуспешни пеналџии. Дани Карвахал, Родриго, Лука Модриќ и Серхио Рамос беа прецизни од 11 метри, а Саул и Томас Парти не погодија. Првиот го погоди дирекот, а Тибо Куртоа го одбрани шутот на Томас Парти. Киран Трипие единствен беше успешен реализатор на пеналот за Атлетико Мадрид.

Во текот на натпреварот, во 115.минута од второто продолжение, Реал Мадрид остана со играч помалку поради исклучувањето на Федерико Велверде.

Реал Мадрид во полуфиналето на завршниот турнир од Суперкупот ја совлада Валенсија, додека Атлетико Мадрид ја елиминираше Барселона.

Се вчитува...