„Кралевите“ му се реваншираа на Алкојано за минатогодишниот пораз во Копа дел Реј (ВИДЕО)

Реал Мадрид му се реваншираше на нисколигашот Алкојано за ланската елиминација во истата рунда од Копа дел Реј. Овојпат „кралевите“ беа далеку посигурно на гостувањето и славеа со 1-3.

Предност за гостите донесе Милитао во 39. минута. Домаќините повторно успеаја да го направат интересен мечот и во 66. минута преку Дани Вега да израмнат на 1-1. Сепак, до крајот големиот фаворит ја оправда улогата и со головите на Асенсио во 77. и Иско во 79. минута стигна до конечен триумф од 1-3.

 

 

 

Се вчитува...