„Кралевите“ на колена на „Вембли“, Сити го освои Неапол

Европскиот првак Реал Мадрид доби вистинска лекција од Тотенхем на „Вембли“ и доживеа пораз од 3-1, кој само ја продлабочува кризата кај „кралевите“ кои играат очајно лошо и во Шпанија. Деле Али го отвори резултатот од сомнителна офсајд позиција во 27.минута, но потоа следеше уште еден негов гол во 56.минута. Ериксен во 65.минута зголеми на 3-0, а Кристијано Роналдо постигна почесен гол за тимот на Зинедин Зидан.

Олеснителна околност за „кралевите“ е што Борусија Дортмунд не го совлада АПОЕЛ ниту дома. „Милионерите“ одиграа 1-1, па Реал Мадрид и како воторпласиран, заедно со лидерот Тотенхем, одат во нокаут фазата од оваа група Х.

Манчестер сити славенички си оди од Неапол, откако триумфираше со 2-4 против лидерот во италијанското првенство. Инсиње прв погоди, но возврати Отаменди. Потоа „граѓаните“ ја имаа предноста. Стоунс постигна погодок за водство, Жоргињо израмни од пенал, а Агуеро и Стерлинг ги разрешија дилемите околу победникот. Манчестер сити е веќе во осминфиналето.

Ливерпул во второто полувреме му даде три гола на Марибор и славеше со 3-0. Салах, Чан и Стариџ ја завршија работата. Севилја со 2-1 го совлада Спартак Москва и се наоѓа на второто место во групата Е.

Лига шампиони, резултати

Група Е: Ливерпул – Марибор 3-0, Севилја – Спартак Москва 2-1

Група Ф: Наполи – Манчестер сити 2-4, Шахтјор Доњецк – Феенорд 3-1

Група Г: Бешикташ – Монако 1-1, Порто – Лајпциг 3-1

Група Х: Борусија Дортмунд – АПОЕЛ 1-1, Тотенхем – Реал Мадрид 3-1

Се вчитува...