„Кралевите“ на рутина го елиминираа нисколигашот Унионистас Саламанка

Реал Мадрид обзебди пласман во осминафиналето на Купот на Шпанија откако на гости славеше со 1-3 против нисколигашот Унионистас Саламанка. Герет Бејл во 18.минута донесе предност за „кралевите“, но домаќинот израмни со голот на Мориљо Ромеро во 57.минута. Сепак, само пет минути подоцна Реал Мадрид дојде повторно во водство со автоголот на Гонгора. Во финишот Брахим Дијаз го постави конечниот резултат.

Реал Сосиедад го елиминира Еспањол со 2-0, а Валенсија беше подобра (0-1) од Логроњес со голот на Максимилијано Лопез.

Се вчитува...