„Кралевите“ не најдоа решение за Атлетик Билбао, Барса избега два чекори напред

Реал Мадрид одигра реми без голови на „Сантијаго Бернабеу“ против Атлетик Билбао. Тимот на Зинедин Зидан не успеа да најде решение за одбраната на гостите, па сега има два бода негатива во однос на лидерот Барселона на табелата во Ла Лига.

„Кралевите“ имаа доминација, во првиот дел одлична шанса имаше Карим Бензема, но не ја реализираше, а во вториот и гредата го спаси гостинскиот голман Унаи Симон. Во финишот се закани и Лука Јовиќ, но мрежата на Атлетик Билбао остана да мирува.

Реал Мадрид е второпласиран со 37 бода, додека Атлетик Билбао по ова реми се наоѓа на седмата позиција со 28 бода.

Се вчитува...