„Кралевите“ ништо не ги запира, Фенербахче конечно врза две победи во низа

Кошаркарите на Реал Мадрид незапирливо чекорат во Евролигата запишувајќи ја и својата 15-та победа во 18. коло. „Кралевите“ на домашен терен славеа против Жалгирис со 88-82, на тој начин издвојувајќи се на врвот од табелата пред Анадолу Ефес.

Реал Мадрид полека но сигурно го кршеше отпорот на противникот во текот на целиот меч за на крајот сосема заслужена победа. Треј Томпкинс со 20 поени ги предводеше „кралевите“ до триумфот, а Руди Фернандез запиша 17 поени. Во поразениот тим се издвои Лукас Лекавичиус со 21 поен.

Фенербахче конечно успеа да врзе две победи во низа. Турскиот тим славеше со 65-79 на гостувањето против Басконија, на тој начин запишувајќи ја седмата победа во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Милано, пак, славеше со 96-87 против Панатинаикос во натпревар во кој победата за домашните ја донесе Серџо Родригез со 22 постигнати поени.

Се вчитува...