„Кралевите“ паднаа на „Месталја“

Валенсија успеа да го земе скалпот на „кралскиот клуб“, славејќи со 2-1 на „Месталја“ во одложениот натпревар од шпанскиот шампионат. На самиот старт „лилјаците“ го шокираа тимот на Зинедин Зидан и за десетина минути поведоа со 2-0.

Симоне Заза во четвртата минута постигна прекрасен гол за отворање на резултатот, а Фабијан Орељана во деветтата уште еднаш ја затресе мрежата на Кејлор Навас.

Кристијано Роналдо со убав удар со глава намали на 2-1 пред полувремето, но тоа беше се што сторија „кралевите“ на овој меч. Во второто полувреме не успеаја да го пронајдат патот до мрежата на Навас.

Реал Мадрид и понатаму е првопласиран на табелата, со еден бод предност во однос на Барселона, и еден одиграм меч помалку, против Селта на гости.

All Goals & Highlights HD – Valencia CF 2-1… by Live1Goals

Се вчитува...