Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во полуфиналето на Копа дел реј, откако вечерва во трилер-меч во кој во еден момент имаа и позитива од 0-2, славеа на крајот со 2-3 против Легањес.
Водство за „кралевите“ од 0-1 донесе Модриќ во 18. минута. На 0-2 зголеми Ендрик во 25. минута. До крајот на првиот дел домаќините намалија на 1-2 со голот од пенал на Круз во 39. минута. Истиот фудбалер израмни на 2-2 во 59. минута. И кога сите очекуваа продолженија Гарсија во 93. минута донесе голем триумф за гостите од 2-3.
Leganes 2 – [3] Real Madrid – Gonzalo García 90+3'
byu/dotuan211 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА