„Кралевите“ пристигнаа во Барселона пред „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Тимот на Реал Мадрид вечерва пристигна во Барселона, пред утрешното мегадерби од Ла Лига. „Кралевите“ беа срдечно пречекани од свои фанови на излезот од аеродромот „Ел Прат“, а потоа се упатија кон хотелот „Софија“ каде ќе бидат во карантин до пред самото заминување на „Камп Ноу“.

Тренерот Хулен Лопетеги поведе 22 фудбалери, меѓу кои и младиот Винисиус Жуниор. Повредени се единствено Сезар Валјехо и Дани Карвахал, сите други се во комбинација за настап.

Реал Мадрид нема пораз на „Камп Ноу“ од 2015 година, а утрешното „Ел Класико“ е закажано за 16.15 часот.

Се вчитува...