„Кралевите“ ремизираа со Леганес

Реал Мадрид ремизираше (1-1) на гости против Леганес во последниот меч од 32.коло во Ла Лига. „Кралевите“ со 61 бод се наоѓаат на третата позиција, а одамна ги загубија шансите во трката за шампионската титула.

Џонатан Силва во 45.минута го доведе домашниот тим во водство. На почетокот на вториот дел, Карим Бензема израмни во 51.минута од дуелот.

Се вчитува...