„Кралевите“ рутински против Хетафе (ВИДЕО)

Реал Мадрид го совлада градскиот ривал Хетафе со 2-0 во натпревар од 31. коло во шпанската Ла лига и со тоа продолжи сигурно да маршира кон нова титула во домашниот шампионат.

Водство за домаќините донесе Кашемир во 38. минута од натпреварот. Иако имаа доминација „кралевите“ не успеваа да го решат мечот со втор гол се до 69. минута кога Лукас Васкез на асистенција на Родриго ги постави конечните 2-0.

 

 

 

 

Се вчитува...