„Кралевите“ се „прошетаа“ на гостувањето кај Гранада (ВИДЕО)

Реал Мадрид стигна до убедлив триумф од 1-4 на гостувањето кај Гранада во 14. коло од шпанската Ла лига. Маркос Асенсио уште во 19. минута донесе водство за „кралевите“, а само шест минути подоцна Начо ја удвои предноста на 0-2.

До крајот на првото полувреме домаќините намалија на 1-2 преку Суарез во 34. минута. Сепак, тоа беше се што направи Гранада на натпреварот. Прво Винициус Џуниор во 56. минута зголеми на 1-3, додека конечните 1-4 ги постави Менди во 76. минута.

За издојување е и црвениот картон кој го доби играчот на домашниот тим Мончу во 67. минута.

 

 

 

 

 

Се вчитува...