„Кралевите“ се разиграа по „киксот“ на Серхио Рамос

Реал Мадрид останува на делба на првото место во Ла Лига со Барселона, откако „кралевите“ го добија вечерашниот дуел со Реал Сосиедад со резултат 3-1.

Капитенот Серхио Рамос направи огромна грешка по која гостите неочекувано поведоа преку Жозе по неполни две минути игра. Реал Сосиедад играше добро се до 30. минута, кога „кралевите“ целосно ја презедоа иницијативата. Човек на одлука беше Лука Модриќ, кој асистираше до Бензема при израмнувачкиот гол за 1-1, а во второто полувреме на негово додавање Валверде биеше прецизно за целосен пресврт.

Хрватскиот плејмејкер одличното издание го комплетираше откако самиот се запиша во листата на стрелци, за свој најдобар меч оваа натпреварувачка сезона.

Се вчитува...