„Кралевите“ сигурно чекорат во кралскиот Куп

Реал Мадрид лесно и убедливо ја совлада Сарагоса на гости со 0-4 и се пласира во четвртфиналето на Купот на Шпанија. Рафаел Варан во шестата минута ги доведе „кралевите“ во водство, а Лукас Васкез обезбеди два гола позитива пред полувремето. Во вториот дел стрелаа и Жуниор Винисиус и Карим Бензема за убедлив триумф на составот на Зинедин Зидан.

Вилјареал го елиминираше Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски со триумф на гости од 0-2, а Валенсија се протна дури по изведување пенали против нисколигашот Леонеса откако немаше голови по 120 минути. Реал Сосиедад ја совлада Осасуна со 3-1.

Се вчитува...