„Кралевите“ тргнуваат по Обамејанг, го нудат Хамес Родригез како дел од трансферот

Шпанскиот гигант Реал Мадрид сака да ја искористи кризата во Арсенал и да го доведе Пјер – Емерик Обамејанг на „Сантијаго Бернабеу“ оваа зима. Тренерот Зинедин Зидан посакува да го засили нападот со уште еден квалитетен фудбалер, посебно откако стана јасно дека Лука Јовиќ не се снаоѓа најдобро во мадридскиот состав.

„Кралевите“ веќе подготвија и конкретна понуда од 70 милиони фунти, а во пакетот е вклучен и колумбискиот интернационалец Хамес Родригез.

Обамејанг дојде во Арсенал од германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд во јануари 2018 година и на 55 натпревари досега има постигнато 40 гола во дресот на „топчиите“.

Се вчитува...