„Кралот“ е на само 89 поени од рекордот за кој се мислеше дека никогаш нема да биде соборен! (ВИДЕО)

Леброн Џејмс продолжува во трката по рекордот на Карим Абдул Џабар по број на поени постигнати во НБА лигата. Му недостасуваат само уште89 поени да го престигне на врвот на листата на вечните.

Џабар во неговата блескава кариера постигна 38.387 поени и постави рекорд за кој се мислеше дека никогаш нема да биде соборен. Но, според очекуањата, Леброн Џејмс е на само десет дена од овој рекорд.

ЛА Лејкерс гостуваа во „Медисон сквер карден“ каде по продолжение славеа против домаќинот Њујорк никс со 123-129 во мечот во кој Леброн стана прв играч во историјата кој дојде до „трипл-дабл“ во 20-та кошаркарска сезона во најсилната светска лига.

Натпреварот го заврши со 28 поени, 10 скока и 11 асистенции, што значи дека во моментов е на 38.299 постигнати поени. Ако се погледне овосезонскиот просек од 27,2 поени се очекува на 9. февруари на мечот против Милвоки да го собори рекордот на Карим Абдул Џабар.

 

Се вчитува...