„Кралот“ ги реши „кралевите“, нова победа на Феникс (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа пет натпревари. Лос Анџелес Лејкерс во дербитот на Калифорнија славеше над Сакраменто Кингс со 122-114.

Леброн Џејмс повторно беше најдобар поединец кај „езерџиите“ со 31 поен, надополнети со по пет скока и асистенции. Кај поразените Де Арон Фокс заврши со 30 поени.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBAmk (@_nbamk_)

Феникс Санс стигна до нова победа откако без проблеми славеше на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликасн со 110-123. Девин Армани Букер со 33 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените се истакна Девонте Греем со 28 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Кливленд – Мемфис 106-110, Торонто – Сан Антонио 129-104 и Њујорк – Индијана 104-94.

Се вчитува...