Кралот и кралицата на Холандија приредија шоу во соблекувалната на Курасао (видео)

Еуфорична беше прославата во таборот на Курасао по историското реми против селекцијата на Еквадор, а во соблекувалната на овој мундијалски дебитант се најдоа и кралот и кралицата на Холандија, кои важат за службени владетели на оваа земја.

Курасао како држава има сопствен парламент и премиер, но кралот Вилем Александер барем на хартија важи за владетел на оваа карипска држава.

Токму затоа, тој со својата сопруга, кралицата Максима и со принцезата Аријана влезе во соблекувалната за да им го честита големиот успех на фудбалерите.

А потоа, во нивна чест и заигра во соблекувалната, заедно со кралицата…

Погледнете како изгледаше атмосферата во присуство на кралското семејство…

Се вчитува...