„Кралот“ и ЛА Лејкерс немоќни во Портланд, Мајами триумфално во Вашингтон

Кошаркарите на Портланд славеа на отворањето на новата НБА сезона против ЛА Лејкерс со 128-199.

Првиот официјален меч на Леброн Џејмс за ЛА Лејкерс предизвика големо внимание, но „кралот“ не успеа да дојде до победа во дебито за новиот тим. Портланд во поголемиот дел од второто полувреме ги контролираше играта и резултатот и тоа пресуди да дојдат до победата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Демиан Лилард со 28 поени, Ник Стаускас дополни со 24 поени а МекКолум постигна 21 поен. Босанскиот центар Јусуф Нуркиќ мечот го заврши со 16 поени и 9 скока.

Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерси со 26 поени, 12 скока и шест асистенции, а вреди да се истакне и учинокот на Џош Харт од клупата кој постигна 20 поени.

Во преостанатите два меча од синоќешната програма Филаделфија славеше против Чикаго со 127-108, додека Мајами победи во Вашингтон со 112-113.

Се вчитува...