Крауч: На Роналдо во Јунајтед му говореа дека Меси е подобар

Поранешниот англиски напаѓач Питер Крауч открива интересна анегдота поврзана со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо.

„Неговите соиграчи во Манчестер јунајтед го провоцираа Роналдо со тоа што му говореа дека Меси е подобар од него. Сепак, тој никогаш не остануваше должен и секој пат им враќаше со „Но, тој не изгледа вака добро како мене“. Се воодушевувам на неговата работна навика, но ако гледаме само талент Меси е далеку подобар“, изјави Крауч. 

Крауч во текот на кариерата во националниот дрес на Англија настапуваше со голем дел од фудбалерите на Манчестер јунајтед и поради тоа има многу интересни анегдоти кои доаѓаат директно од соблекувалната на најтрофејниот англиски клуб и покрај тоа што своевремено играше за најголемиот ривал Ливерпул.

Се вчитува...