Кречмар со поддршка за Вујо – Тој е најдобриот на сите времиња, среќно маестро!

Потегот на Веселин Вујовиќ кога застана на гол да бара правда и да ја брани репрезентацијата на Словенија од судиската неправда во дуелот со Германија предизвика воодушевување и наиден на поддршка во ракометниот свет, не само во Словенија туку и во цела Европа. Па дури и во Германија. И тоа не од било кого, туку од легендата на германскиот ракомет, Штефан Кречмар.

Поранешниот германски репрезентативец Штефан Кречмар кој сега работи како стручен ТВ коментатор, на Инстаграм ја објави фотографијата со Вујовиќ на голот со натпис „нов играч на теренот“. Големиот Кречмар потсети кој беше најголемиот на ракометните терени.

„Може што сакате да кажете за овој човек, но тој е најголемиот ракометар на сите времиња. Тој беше најдобриот. Тој е емоционален и полн со страст за овој спорт. Понекогаш луд, но јас го сакам овој човек. Со среќа, маестро, со Словенија“ – напиша Кречмар.

Се вчитува...