Последниот натпревар од 13. коло во Серија А донесе мало изненадување откако Кремонезе славеше на гостувањето кај фаворизираната Болоња со 1-3 со два гола постигнати од ветеранот Џејми Варди.
Натпреварот го отвори Пајеро со гол во 31. минута, а само три минути подоцна мрежата ја затресе и Варди за гостинска предност од 0-2. Болоња успеа да се врати во игра и да намали на 1-2 до полувремето благодарение на реализираниот пенал на Орсолини во третата минута од судиското продолжение.
Сепак Варди со својот втор гол во 50. минута ја врати „комотната“ предност на Кремонезе и со тоа стави крај на серијата од три порази едно по друго и воедно ја прекина победничката серија на противникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

