КРИМИНАЛ на векот- Судиите и зедоа победа на Словенија!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Во неверојатно драматичен натпревар со уште подраматична судиска завршница, на Словенија и беше одземена победа против Германија, во натпреварот  од второто коло во нашата група Ц. И по сите драми во кои никој не знаеше што се случува, судиите го решија натпреварот и и овозможија на Германија од загубен меч да дојде до изедначување на 25-25.

Словенија извонредно го отвори натпреварот, наметна темпо и изненадувачки по првите десет минути стигна на четири гола предност (7-3). Урбан Лесјак на голот на Словенија одбрани три седмерци во првите 15 минути и беше движечка сила во таборот на Веселин Вујовиќ.

Сигурната игра на Словенија во одбраната комплетно ги исфрли од ритам Германците и го натера германскиот селектор Кристијан Прокоп да бара решение со седум играчи во напад. Но ни тоа не им донесе резултат. Одличната игра во одбраната, Словенците ја надополниоја и со ефикасност во нападот  и на одмор заминаа со пет гола предност (15-10).  Наспротив инспирираниот Урбан Лесјак кој запиша осум одбрани од кои три седмерци, на  спротивната страна германските голмани Андреас Волф и Силвио Хајневетер беа во неверојатно лошо издание, само со по една одбрана во првите 30 минути.

Интересен е податокот дека на репрезетацијата на Герамнија која е актуелен европски шампион, ова и е најслабо прво полувреме во последните осум години. Последен пат Германија постигнале помалку од 10 гола за едно полувреме во дуелот против Полска (8-12) во прелиминарната рунда на ЕП 2010 во кој Полјаците на крај славеа победа со 27-25.

Второто полувреме, Словенија го почна со играч помалку поради исклучувањето на Марко Безјак, успеаја да ги задржат Германците на еден гол, но веднаш штом се врати Безјак во игра, исклучување доби Миха Зарабец. Предноста по втор пат ја искористи Патрик Грецки и намали на 15-12. Словенците сепак успеаја да се консолидираат и да се задржат на +4. Новото исклучување, овој пат на Жига Млакар, повторно ги врати Германците во игра на два негатива (17-15). Но, силно мотивираните Словенци не се предаваа и на 20 минути пред крај со погодокот на Вит Кавтичник повторно имаа +4 (19-15).

Драмата продолжи и на стартот од последната четвртина, во обид да ја спречи контрата на Генсхајмер, исклучување доби Кавтичник, а потоа судиите покажаа и дополнителни две минути за клупата на Словенија поради бурната реакција. Германците реализираа два седмерци и во 46.минута стигнаа на гола разлика (19-18), а потоа и да изедначат на 19-19 со погодокот на Уве Генсхајмер.

На десет минути пред крај , Блаж Јанц промаши седмерец за водство на Словенија, а на сротивната страна казни Пекелер за прво водство на Германија од 20-21. Марко Безјак донесе ново изедначување и нова незивесност во завршните девет минути од натпреварот. И повторно Блаж Јан не искористи уште еден седмерец во дуелот со Хајневетер. Во последните четиир минути Словенија велезе со +2 откако Зарабец погоди за 23-21. Но, во финишот Германија повторно изедначи (23-23) за инфарктна завршница на овој прв дуел од второто коло во групата Ц. По тајм-аутот на Вујовиќ, Словенците изнудија седмерец, а Кавтичник погоди за 24-23 на 40 секунди пред крај. Германците направија пробивање во последниот напад за победа, а Блаж Јанц го постигна гол за Словенија за 25-24.  Но, драмата не заврши тука.

Литванските судии Миндаугас Гателис и Ваидас Мажеика одлучија да го исклучат Блаж Благотиншек бидејќи пречел на изведувањето на топката од центар. Но, спорно е што останаа само две секунди пред крај и што за тоа време топката не би ни можела да стигне до центарот!

Според правилата, Германците добија седмерец кој го реализираше Рајхман за конечните 25-25. Натпреаврот заврши без победник, а за одлуката на литванските судии и за спорниот момент сигурно ќе се расправа уште долго.

Се вчитува...