Крис Колмен е новиот крал на спринтот

Крис Колмен е новиот светски шампион на 100 метри. Тој ја освои планетарната титула детронизирајќи го во директна пресметка сонародникот Џастин Гетлин кому му припадна среброто. Колмен истрча 9.76 секунди што е негово најдобро време во кариерата.

Неговиот резултат е шестото најдобро постигнување во историјата. Распоредот беше обратен пред две години во Лондон. Со бронзата од Доха си заминува канадскиот шампион, Андре Де Грасе.

Со импресивниот старт, Колмен направи завидна предност пред конкурентите уште во првите 30 метри од трката. Ветеранот Гетлин имаше време од 9.89 секунди и само за една стотинка беше побрз од Де Грасе.

Трката беше исклучително брза, па во време под 10 секунди влегоа и четвртопласираниот Акани Симбине и Јохан Блејк на петтото место.

Се вчитува...