Кристал Палас го шокираше Јунајтед на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед на очаен начин ја отвори сезоната во Премиер – лигата. Во второто коло, „црвените ѓаволи“ доживеаја пораз на домашен терен (1-3) од Кристал Палас. За гостите тоа е втор триумф и шест бода за одличен старт на новото првенство. Кристал Палас и минатата сезона славеше на „Олд Трафорд“.

Андрос Таунсенд во седмата минута го изненади Давид Де Хеа. Голманот на Манчестер Јунајтед беше и најдобар во тимот на Оле Гунар Солскјер и спречи и поубедлив пораз на „ѓаволите“. Во 72.минута, Де Хеа го одбрани пеналот на Џордан Ају, но по ВАР-снимката беше утврдено дека излегол надвор од гол-линијата, па Кристал Палас доби повторно изведување на најстрогата казна. Во вториот обид Вилфрид Заха беше успешен за 0-2.

Дони ван де Бек дебито за Манчестер Јунајтед го украси со погодок, намали на 1-2, но Кристал Палас повторно одговори со трет гол преку Вилфрид Заха.

Се вчитува...