Кристал Палас и Вест Хем со пресврти до победи над Лидс и Фулам (ВИДЕО)

Кристал Палас и Вест Хем дојдоа до победи во англиската Премиер-лига, благодарение на пресвртите кои ги направија против Лидс, односно Фулам.

Палас лошо го стартуваше мечот против Лидс, и во 10. минута губеше со голот на Струијк. Сепак, на 1:1 во 24. минута израмни Едуард, а потоа Езе на 14 минути пред крајот погоди во мрежата на гостите за пресврт и победа од 2-1.

Поубедлив триумф славеше Вест Хем кој дома го победи Фулам во лондонската пресметка. Переира уште во 5. минута ги израдува гостинските навивачи, а Боувен во 29. минута од пенал донесе изрманување. Скамака и Антонио во вториот дел постигнаа по еден гол, за целосен пресврт и победа од 3-1.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...