Кристал Палас немаше милост за тренерот кој му донесе европски трофеј

Оливер Гласнер се врати на „Селхурст парк“, но нема да го памети по добро бидејќи неговиот сегашен тим Нотингам форест загуби со 3:1 од Кристал палас.

Иако натпреварот започна со гол на гостите во третата минута преку Ндоје, домаќините брзо се созедоа и успеаја да направат пресврт. До израмнувачкиот гол се чекаше до 41-та минута кога Камада ги израдува фановите на „Селхурст парк“.

Во последните моменти од првиот дел, Џеферсон Лерма направи целосен пресврт. Победата ја завери Жереми Пино во 59-та минута.

Гласнер минатата сезона седеше на клупата на Кристал Палас и му го донесе првиот европски трофеј на тимот од Лондон откако во финалето на Лигата на конференции со 1:0 го совлада Рајо Ваљекано.

Во вториот дуел кој се играше од 15 часот, Хул и Евертон одиграа без победник 2:2.

Се вчитува...