Кристал Палас стигна до бод против Манчестер Ј. во судиското надополнување (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед не успеа да ја продолжи победничката серија во Премиерлигата, откако одигра само 1-1 против Кристал Палас на гости.

Бруно Фернандеш во 43. минута по одлична акција, и по додавање на Кристијан Ериксен, донесе водство за гостите. Сепак, во 91. минута со прекрасен гол од слободен удар, успеа да израмни Олисе.

Со тоа Јунајтед пропушти можност да ја намали разликата на табелата на шест бода од првопласираниот Арсенал.

Се вчитува...