Кристенсен: Не знам каде ќе играм следната година

Челси се соочува со неочекувани проблеми откако откако преговорите за продолжување на договорите со стоперската линијата не се одвиваат во посакувано темпо. Договорите на Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен истекуваат на крајот на сезоната, а фудбалерите бараат преголеми примања кои „сините“ не можат да ги исполнат.

Преговорите кои започнаа со Данецот уште во август до ден денеска не вродија плод. Понудата од Челси е 140 ијади фунти неделно, но агентите на 25-годишникот не прифаќаат нивниот клиент да продолжи да биде еден од најмалку платените играчи во почетниот состав.

На оваа тема говореше и самиот Кристенсен кој вели дека и покрај тоа што сака да остане во Челси, не знае каде ќе ја продолжи кариерата.

„Искрено не размислувам многу за новиот договор. Знам дека тренерите ме ценат и среќен сум поради тоа. Каде ќе играм следната година не знам. Би сакам тоа да биде Челси, но не прашувам само јас. Знам дека сакаат да ме задржат и сеуште разговараме. Најважно во моментот ми е што уживам во фудбалот и имам тренер кој верува во мене“, изјави Данецот.

Се вчитува...