Кристијан Стојкоски, ново засилување на Шкупи

Македонскиот прволигаш Шкупи, кој во баражот со Новаци, успеа да обезбеди опстанок во елитата, почна да се засилува во пресрет на новата сезона. Ново име во тимот од Чаир е Кристијан Стојкоски, досегашниот фудбалер на Македонија ЃП. Тој потпиша едногодишен договор со Шкупи, со опција за продолжување на уште една дополнителна сезона, доколку и двете страни бидат задоволни од првичната соработка.

„Шкупи е клуб во кој би сакал да игра секој млад фудбалер. Сакам да се заблагодарам на раководството што ми даде шанса и ме ангажираше“, изјави Кристијан Стојкоски за официјалниот сајт на својот нов клуб.

Тој минатата сезона одигра 34 натпревари за Македонија ЃП и постигна три гола.

Шкупи утре ќе ги почне подготовките за новата сезона, а тренерот Ардијан Нухиу првата прозивка ја закажа за 18 часот.

 

Се вчитува...